На плоштадот во Тетово: Утре почнува Балканското првенство во одбојка на песок (У22)

68

Одбојкарската федерација на Македонија заедно со oпштина Тетово од 25 до 27 јуни ќе бидат организатори на БВА Балкански шампионат во одбојка на песок за одбојкари и одбојкарки до 22 години на градскиот плоштад во Тетово.

Осум екипи во машка конкуренција и седум женски тима од Македонија, Албанија, Косово, Турција, Романија и Молдавија пријавија учество на ова натпреварување, кое е вистинска летна атракција за љубителите на одбојката.

Според програмата утре и в четврток претпладне се играат прелиминарните натпревари, четврток попладне се елиминациите, додека петокот е резервиран за финалните натпревари и распределбата на медали.

ОФМ и општина Тетово како технички организатор го „преуредија“ градскиот плоштад во Тетово во терен за одбојка на песок, кој во следните три дена треба да донесе голем број на возбудувања.

ПретходноМатеус ќе брани за Црвена Звезда
СледноРаботнички убедливо поразен на контролата со Партизани Тирана