Нејмар ќе го продолжи договорот со Сантос.
Според ЕСПН, претседателот на бразилскиот клуб Марсело Тешеира и таткото на играчот, Нејмар да Силва, одржале состанок и се договориле за нов договор. Сегашниот договор на 33-годишниот напаѓач со бразислиот клуб истекува на крајот на јуни.
Страните сè уште треба да договорат некои последни детали. Се очекува клубот официјално да го објави потпишувањето на новиот договор со играчот во петок на 27 јуни.
Нејмар се врати во Сантос на крајот од јануари оваа година.