Официјално: Чави Пасквал е нов селектор на Египет

44
фото: Comité de Entrenadores RFEF (X)

Легендарниот шпански ракометен стратег Чави Пасквал денеска беше претставен како нов селектор на Египет. Тој доаѓа на селекторското место на Египќаните, без да ја откаже својата клупска работа. Имено, Пасквал ќе остане да биде тренер на унгарскиот Веспрем.

Пасквал ја презема селекторската позиција кај „фараоните“ од Хуан Карлос Пастор со мисија да го води националниот тим на Египет во циклусот на Олимписките игри во Лос Анџелес 2028.

Каталонскиот тренер, кој претходно ја водеше Романија во две фази (2016-18 и 2021-24), ќе има четири египетски репрезентативци во Веспрем, Јехија Елдера, Ахмед Хешам, Ахмед Адел Месилхи и поранешниот играч на Барса, Али Зеин.

ПретходноБелингам ќе оди на операција по враќањето од САД
СледноМатеус ќе брани за Црвена Звезда