Македонската младинска репрезентација го запиша првиот триумф на Светското првенство У21, откако убедливо го совлада Мексико со 21-41 (9-21). Ова беше последен меч од првата фаза во Президент Куп, нашите момци ќе играат против Бразил за пласман од 25 до 28 место на овој шампионат.
Шубашевски со 12 гола беше прв стрелец, зад него беше Димитар Узунчев со девет погодоци, седум имаше Белистојановски.
Победникот беше решен после едно полувреме, по кое Македонија водеше со 9-21. На средината на првиот дел беше 5-10, по што нашите момци ја зголемуваа позитивата, првата двоцифрена беше 9-19. После 9-21 на одморот, во продолжение беше јасно дека Македонија ќе доминира на оваа средба.
Убедливата победа е повеќе од добредојдена, за враќање на самодовербата која после четирите порази не само што полека се губеше, туку и постоеше голема разочараност.