Екипата на Работнички загуби со 3:0 на денешниоот пријателски меч одигран во Струга против албанскиот прволигаш Партизани од Тирана. Албанците добија пенал во 18. минута од мечот, кој Кеко го претвори во предност за нив од 1:0.
Вториот гол во мрежата на Работнички стигна само шест минути подоцна, кога Скука успеа да го погоди голот на нашиот евро-преставник ова лето и да му донесе на Партизани предност од 2:0.
Конечните 3:0 беа поставени на три минути пред крајот на средбата, кога Партизани изведе и втор пенал, кој го реализираше за убедлива победа.
Работнички за неколку дена во Охрид ќе одигра уште еден контролен меч, овој пат со екипата на Балкани од Косово.