Ти-Џеј Шортс со 27 поени за прва историска титула на Париз

27
фото: Paris Basketball (X)

Ти-Џеј Шортс со 27 поени им ја донесе решавачката победа на кошаркарите на Париз и шампионската титула во францускиот шампионат. Вечерва Париз на домашен терен во петтиот меч славеше против екипата на Монако со 99-93 и успеа да ја освои титулата.

Ова е прв аисториска титула за Париз во Франција. Шортс и вечерва брилјираше, но за него ова веројатно беше и последниот меч во дресот на Париз, затоа што веќе беше најавено дека карирата ќе ја продолжи во екипата на Панатинаикос.

ПретходноКеркез ги мина лекарските прегледи, следува потпис на договорот
СледноБенфика го победи Баерн и заврши како прва во групата „Ц“ на СКП