Шек стана газда на Наполи, сака да направи супер-тим!

706

Легендарниот НБА кошаркар и популарен ТВ аналитичар, Шекил О’Нил стана ко-сопственик на италијанскиот кошаркарски клуб Наполи.

Покрај тоа, тој вели дека дошол во Европа за да создаде – супертим! Веста на италијанската јавност ѝ ја соопшти претседателот на клубот од Неапол, Мет Рицета.

„Шек е многу возбуден и нетрпелив да стане дел од проектот што го градиме тука во Неапол. Тој не е само кошаркарска легенда, туку и културна икона. Кога му ја презентиравме визијата за клубот, неговиот менаџер и тој веднаш се заљубија во нашата приказна“, рече Рицета.

„Сакаме да го направиме Наполи првиот вистински глобален клуб од Европа. Шармот на Шек, неговата посветеност кон луѓето и глобалната популарност го прават идеален партнер. Ова е партнерство од соништата за нас – и за нашите навивачи и за градот.“

ПретходноФати ќе го продолжи договорот со Барселона, па потоа ќе оди во Монако
СледноКеркез ги мина лекарските прегледи, следува потпис на договорот