Во Битола ќе се гледа елитен ракомет: ЕХФ му додели вајлд-карта на Пелистер

764

ЕХФ ги обајви имињата на сите учесници во следната сезона во Лигата на шампиони. На овој список се најде и актуелниот македонски првак, Пелистер. Битолчани трета година по ред ќе бидат дел од елитата, тие добија вајлд-карта од европската „куќа на ракометот“.

Тимовите со потврдено барање за надградба се: ГОГ, Нант, Пик Сегед, Пелистер, Колстад и Кјелце.

Овие шест екипи се приклучуваат на тимовите кои имаа загарнтирно место: РК Загреб, Алборг, Барселона, ПСЖ, Фуксе Берлин, СК Магдебург, Веспрем, Висла Плоцк, Спортинг и Динамо Букурешт.

16-те екипи ќе бидат поделени во две групи од по осум тима, ждрепката за групната фаза е закажана за петок, 27 јуни во 15:00 часот во Виена.

„Барањата за надградба на ФК Порто, Кадетен и Слован не беа одобрени. Овие тимови ќе имаат право да започнат во ЕХФ Европската лига или ЕХФ Европскиот куп“, пишаа од ЕХФ.

За македонскиот клубски ракомет ова значи дека Вардар 1961 ќе игра директно во групната фаза во Европската лига, за каде место бара и Алкалоид како првак во ЕХФ Европскиот Куп.

Четвртиот тим кој избори место во Европа, ГРК Охрид во ЕХФ Европскиот Куп ќе стартува од второто коло и ќе биде во првиот шешир.

ПретходноМегаталентот се сретна со Меси: Нозете ми се стресоа!
СледноМанчестер Јунајтед ја зголеми понудата за Мбемо