Што значи вајлд-картата на Пелистер во ЛШ за останатите македонски тимови?

619

Екипата на Пелистер трета сезона по ред ќе се натпреварува во Лигата на шампиони. Актуелниот македонски првак доби вајлд-карта од ЕХФ за следната сезона во елитното клупско натпреварување. Противниците во групната фаза Пелистер ќе ги добие во петок, ждрепката ќе се одржи во Виена.

Откако денеска стана јасно дека Пелистер ќе биде дел од ЛШ, сега појасно е местото на останатите македонски тимови кои се изборија за излез во Европа.

Вардар 1961 како второпласиран тим автоматски добива место во групната фаза во Европската лига. За ова натпреварување ап-грејд ќе бара и Алкалоид, исто да се натпреварува во групната фаза. Кирил Лазаров и неговите момци го освоија ЕХФ Европскиот Куп оваа сезона, како прваци, но и сериозен тим со стабилна финансиска конструкција сака да оди едно ниво погоре. Веруваме дека ЕХФ ќе одговори позитивно.

ГРК Охрид пак кој заврши четвртти во македонскиот шампионат ќе игра во ЕХФ Европскиот Куп, а таму ќе стартува од второто коло и ќе биде во првиот шешир.

ПретходноЖФК Љуботен против првакот на Фарски Острови
СледноЛукаку најави дека и на 40 години ќе игра фудбал