Екипата на Радомље од Словенија, ќе има македонски тренер. Тоа е Југослав Тренчовски, кој што денеска и офцијално е претставен кај овој амбициозен прволигаш.
Тренчовскин има богато интернационално искуство пред се од Блискиот исток, а во домашниот шампионат, беше најмногу дел од екипата на Академија Пандев. Таму извршуваше голем број на улоги од типот на спортски директор, преку координатор, па се до тренер.
Југослав Тренчовски своевремено беше и селектор на младинските категории на Македонија.