Арсенал ќе ја крене понудата за Ѓокерес на 80 милиони евра

73
фото: Viktor Gyökeres (X)

Арсенал никако не се откажува од можноста да го купи Виктор Ѓокерес. Според „А Бола“, „топчиите“ имаат намера да се откажат од трансферот на Бенјамин Шешко поради високите барања на Словенецот за плата и неподготвеноста на Лајпциг да ја намали цената под 80 милиони евра.

Ѓокерес од Спортинг повторно стана приоритет за лондончани, а Арсенал кој претходно понуди околу 55 милиони евра за шведскиот напаѓач, сега ќе ја крене понудата.

Лондончани сега наводно подготвуваат втора понуда, која би била поблиску до 80 милиони евра, бројка што португалскиот клуб ја смета за минимална за да започне разговори за продажба.

ПретходноВембањама нема да игра за Франција на Евробаскетот 2025
СледноРеал без Мбапе и на третиот меч на Светското клупско првенство