Бобан “отпиша“ уште на тројца играчи на Динамо!

225

Навистина што се случува во Динамо Загреб? Звонимир Бобан има намера во целост да ја реконструра екипата, но се чини дека премногу се 14 играчи, барем засега, кои тој го “отпиша“, односно клубот не смета на нив во следната сезона.

На овој список се и нашите Стефан Ристовски и Аријан Адеми кои завршија со “модрите“ од Загреб.

Ново е тоа што клубот уште на тројца играчи им кажа дека не смета на нив, а тие тројца заедно имаат блиску 400 настапи во дресот на хрватскиот и балкански гигант.

Тоа се Петар Бочкај, Дарио Шипкиќ и Дино Периќ:

Како дел од рационализацијата на трошоците и воспоставувањето нова финансиска структура за првиот тим, Бобан верува дека нивните договори се преголеми за улогата на ротациски опции. Накратко, тие не играат доволно или доволно добро за платата што ја добиваат, веруваат во Максимир“, објави Индекс.

ФОТО: НК Динамо/ФБ

ПретходноГерманска работа: Еве од каде резервните играчи на Баерн го гледаа мечот со Бенфика!
СледноРаул е ЦАР: Шпанецот кој е нов селектор на Србија, за ТВ Арена Спорт дава интервју на македонски! БРАВО! (ВИДЕО)