Игли Таре: Модриќ бараше гаранции дека ќе се бориме за титулата!

334

Сега веќе и дефинитивно е јасно дека легендарниот Лука Модриќ во следната сезона ќе го носи дресот на Милан. Сето тоа треба да се официјализира по завршувањето на Светското клупско првенство кое во моментов се одржува во САД. Ова доаѓа откако Хрватот е со Реал Мадрид СКП.

Инаку новиот спортски директор на Милан, Игли Таре за медиумите во Италија откри дел од разговорите кои ги имал со Лука Модриќ:

Таков менталитет е токму она што ни требаше. Лука е важна фигура во светот на фудбалот. Имав можност да разговарам со него и можев да видам човек кој е натпреварувачки настроен. Побара гаранции дека ќе се натпреваруваме за титулата, тој доаѓа од Реал. Ни требаше некој што ќе биде референтна точка во тимот. Некој како него изгледа како необично засилување, но не е. Ќе доведеме еден, двајца поискусни играчи, а потоа ќе доведеме млади играчи со голем потенцијал.“ изјави Таре.

ФОТО: Реал Мадрид ФЦ/ФБ

ПретходноРаул е ЦАР: Шпанецот кој е нов селектор на Србија, за ТВ Арена Спорт дава интервју на македонски! БРАВО! (ВИДЕО)
Следно“Проектилот“ на Кузмановски против Динамо Букурешт во ТОП 10 голови за цела сезона во ЛШ!(ВИДЕО)