Шок во НБА: “Не сме сигурни дека Јокиќ ќе го продолжи договорот со Денвер!“

367

Она што се наговестуваше, што се чинеше само како шпекулација, сепак е вистина. Имено можно е Никола Јокиќ, најдобриот кошаркар во светот да биде трејдуван од раководството на Денвер Нагетс, односно не се знае дали тој ќе го продолжи договорот.

Нагетси ова лето можат да му понудат на Никола Јокиќ тригодишно продолжување на договорот вреден повеќе од 200 милиони долари.

Тоа е она што тие имаат намера да го направат, објави извршниот директор и претседател на клубот, Џош Кренке, клучна фигура во Kroenke Sports & Entertainment, компанијата што ги поседува Нагетс. Кога го прашаа дали мисли дека Јокиќ ќе ја прифати понудата, тој немаше едноставен одговор.

Дефинитивно ќе му го понудиме тоа. Не сум сигурен дали ќе го прифати или не, бидејќи ќе му ги објасниме и сите финансиски околности околу потпишувањето сега, наспроти потпишувањето подоцна. Ќе бидеме целосно транспарентни. Така секогаш правиме. А потоа тој ќе ја донесе најдобрата одлука за себе и за своето семејство. И ние ќе го поддржиме во тоа“ потенцираше Кренке.

ФОТО: Денвер Нагетс/ФБ

ПретходноСКП: Аматерите од Нов Зеланд со историски 1:1 против Бока, Челзи убедлив и си закажа 1/8 финале со Бенфика!
СледноНационален рекорд на штафетата 4Х100 м на ЕП во Марибор!