Кристијано Роналдо ќе потпише нов договор со Ал-Наср. Според инсајдерот Фабрицио Романо, 40-годишниот напаѓач се подготвува да потпише нов договор со клубот, а се подготвуваат и официјалните документи.
Засега остануваат нерешени само неколку детали, прво дали договор ќе биде на една или две години. На Португалецот му е понудена опција да потпише договор до јуни 2027 година.
Минатата сезона, Роналдо одигра 30 натпревари во првенството на Саудиска Арабија, постигна 25 гола и имаше 3 асистенции.