Арсими се пофали со стопер од БиХ! (ФОТО)

84

Дебитантот во нашата елитна лига за сезоната 2025/26, тимот на Арсими, вечерва преку своите официјални социјални мрежи се пофали со ново име.Тоа е Амер Дрљевиќ, стопер од БиХ кој има 31 година и е висок 190 см.

Досега во својата кариера Дрљевиќ играл за клубови од БиХ, како Олимпик, Горажде, Игман, Славија Сараево, ова ќе му биде прв предизвик што се однесува за интернационална кариера.

Инаку Дрљевиќ е трето ново име ова лето во редовите на клубот од Чегране, претходно потпишаа Мирнел Хуриќ и Габриел, кој мината сезона играше за Воска.

ПретходноБорусија со „минималец“ до прво место, Флуминензе со реми до осминафинале
СледноШкупи се засили со некогашен член на академијата на Борусија Менхенгладбах! (ФОТО)