И дефинитивно “Редси“ и тоа како имаат намера во следната сезона одново да јуришаат кон нова титула во Премиерлигата, но и по “ушлето“ во Лигата на Шампионите. Досега се официјализирани Флоријан Вирц, потоа Џереми Фримпонг и Милош Керкез.
Сепак јасно му е и на Арне Слот дека мотра да се донесе и напаѓач од највисока класа. Во опција беа повеќе имиења, но изборот се чини падна на Александер Исак, Швеѓанецот кој минатата сезона беше фантастичен во Премиерлигата. Исак е меѓу ТОП 10 напаѓачи во светот и затоа Ливерпул со сите сили тргнува по неговиот потпис.
Парите не се проблем за “Редси“ поради финансискиот фер-плеј ако се знае дека во последните неколку години овој клуб не беше премногу активен на трансфер – пазарот, но затоа ова лето просто растура.
Медиумите на Островот пренесуваат дека набргу Ливерпул ќе испрати официјална понуда до Исак и се разбира до Њукасл.
ФОТО: ФЦ Њукасл/ФБ