Вембањама нема да игра за Франција на Евробаскетот 2025

41

Француската суперѕвезда Виктор Вембањама ќе го пропушти претстојното издание на Евробаскетот 2025.

Според „Ле Паризиен“, центарот на Сан Антонио нема да биде вклучен во прелиминарниот состав на Франција за Европското првенство во 2025 година.

Вембањама ќе се фокусира на подготовките за новата НБА сезона откако му беше дијагностицирано згрутчување на крвта во рамото, па предвреме ја заврши сезоната.

Претходно, „Л’Екип“ објави дека ѕвездарта на Минесота и двократен освојувач на сребрен олимписки медал, Руди Гобер, одлучил исто така да го пропушти Евробаскетот 2025.

ПретходноЈуниорките со прва победа над Косово на пријателските натпревари
СледноАрсенал ќе ја крене понудата за Ѓокерес на 80 милиони евра