Внукот на легендарниот Кларенс Сидорсф, Колин, е нов играч на тимот на Железничар од Сараево.
Тој денеска е претставен во овој легендарен босански клуб како засилување за следната сезона во која Жељо има високи амбиции.
Се работи за играч роден 1995 година кој што има преку 250 мечеви во холандската лига. Играше за екипите на Емен, Ајндховен, Инвернес и Валвик.
Сепак, далеку е од кариерата на неговиот легендарен чичко, кој што има на пример преку петстотини мечеви за три иконски клубови во Европа, Ајакс, Милан и Реал Мадрид.