Германска работа: Еве од каде резервните играчи на Баерн го гледаа мечот со Бенфика!

190

Баерн Минхен на средбата со Бенфика беше поразен и со тоа не го освои првото место во групата.Се чини дека тренерот на “баварците“ Винсент Компани тоа и го сакаше, да не игра во 1/8 финалето против Челзи, туку со Фламенго.

На крајот и му се исполни желбата. Кога ќе се види составот на Баерн Мингхен на дуелот со португалскиот гигант се е јасно.

Инаку високите температури и натаму прават проблеми на СКП во САД. Не ретко се игра и на +30 степени, па така и резервистите на Баерн Минхен ги имитираа оние на Дортмунд.

И тое го гледаа мечот со Бенфика не од клупата за резерви туку од соблекувалната каде секако, под клима, има беше попријатно.

Од клупската фотографија убаво се гледа како Хари Кејн и неговите соиграчи овој натпревар во Шарлот го следеа од соблекувалната.

Германска работа.

ФОТО: ФЦ Баерн Минхен/Х

ПретходноНационален рекорд на штафетата 4Х100 м на ЕП во Марибор!
СледноБобан “отпиша“ уште на тројца играчи на Динамо!