Грозданоски е верен на Пелистер

57

Стоперот Христијан Грозданоски и натаму ќе биде дел од тимот на Пелистер. Тој денеска и официјално го продолжи договорот со неговиот матичен клуб, па и следната сезона ќе има важна улога во ростерот.

Пелистер веќе и официјално има нов тренер, во името на Димитар Капинковски, кој што бепе промовиран пред неколку дена. Тој секако дека ќе сака да создаде тим по свој терк, со кој ќе ги оствари зацртаните цели и амбиции на Пелистер следната сезона.

Веќе неколку стандардни играчи од минатиот шампионат договорија останување во Битола, а следните денови се очекуваат и новитети.

ПретходноВнукот на Сидорф ќе игра за Железничар
СледноМиленкоски: Играчите ја оправдаа довербата, на вистинскиот пат сме