Давид Стојанов го продолжи договорот со Штип УГД

38

24-годишниот македонски репрезентативец Давид Стојанов и следната сезона ќе го носи дресот на вицешампионот Штип УГД. Како што потврдија за „СпортСпорт“ од клубот, Стојанов ставил параф на нов едногодишен договор со штипјани.

Стојанов имаше клучна улога во освојувањето на Купот на Македонија оваа година, па тренерот Кристиан Ристески бараше тој да остане во ростерот и за новата сезона, особено поради тоа што Штип УГД во новата сезона ќе се проба и во европските купови.

Во продолжението од летото штипјани планираат уште неколку нови засилувања од Македонија, но и од странство.

ПретходноШкендија одигра нерешено против ЦСКА (С) во последниот тест во Словенија
СледноУ21: Харви Елиот со два гола ја однесе Англија во ново европско финале