Костадинов од денеска се приклучи на Сигма

93

По заслужениот одмор поради репрезентивните обврски со Македонија, од денеска и официјално нашиот репрезентативец, Тихомир Костадинов се приклучи на екипата на Сигма Оломуц.

Летово играчот за врска направи трансфер во овој клуб, откако му заврши договорот со екипата на Пиаст Гливице.

Сигма е освојувачот на Купот на Чешка за изминатата сезона и летово ќе биде дел од европските натпреварувања.

Токму затоа и се инсистираше на брз трансфер на Костадинов, за да стручниот штаб го има на располагање веќе за првите дуели.

 

ПретходноНеверојатно: Јуве му го нуди Влаховиќ на Јунајтед, за возврат го бара Санчо!
СледноИран обезбеди Мундијал, но има забранет влез во САД!?