Младинците славеа на првиот тест со Косово

54
фото: kfsm.mk

Кошаркарската репрезентација на Македонија за играчи до 20 години го одигра и првиот контролен натпревар на домашен паркет во овој подготвителен период. По гостувањето во Романија, вечерва во Скопје, гостуваше младинскиот состав на Косово. По три изедначени периоди, македонските младинци на крајот беа подобри за триумф оф 71:59.

Гостите од Косово подобро го отворија натпреварот. Во следните минути имаше израмнета борба, но гостите подобро финишираа и на пауза заминаа со предност од три поени, (39:36).

Ние имавме одличен финиш во кој го „скршивме“ отпорот на противникот. Одлично ја започнавме четвртината на одлука, или „преведено во бројки“, за шест минути направија момчињата на селекторот Горан Самарџиев, парцијално (11-4), доволно за највисокото водство на „контролата“ (66:57).

Но не се задоволија со тоа, имавме и двоцифрен плус (68:57) на нешто помалку од четири минути до крајот. Практично, го „закочивме“ ривалот на тие 57 поени, во меѓувреме ние дојдовме до 70, кога беше и решено прашањето околу победникот на овој пријателски натпревар, кој Стојковиќ го заврши со 19 реализации, Ќириловски имаше 10, исто колку што постигна и Иванов.

За два дена, односно во петок, во Качаник, двете селекции ќе одиграат уште еден пријателски натпревар.

ПретходноАл Наср и Роналдо си подале рака за нов двегодишен договор
СледноНајавуван како вундеркинд на Борусија (Д), сега заминува во Копенхаген