Големиот талент на Борусија (Д), Јусуфа Мукоко ќе ја напушти Бундеслигата. Како што објави германски „Скај Спорт“, 20-годишниот напаѓач е блиску до трансфер во ФК Копенхаген.
Клубот од Дортмунд ќе добие 5 милиони евра за трансферот.
Се очекува играчот во наредните денови да ги помине медицинските прегледи и да потпише долгорочен договор со својот нов тим. Мукоко ја помина сезоната 2024/25 како позајмен играч во Ница.