Погба пристигна во Монако на потпис до 2027 година

45

Некогаш еден од најдобрите фудбалери на светот, Пол Погба во дресот на Монако ќе се обиде да ја рестартира својата одамна „полу мртва“ кариера. Французинот одлежуваше подол период суспензија поради допинг, па откако истата веќе не е важечка тој ќе се обиде повторно да игра фудбал на највисоко можно ниво.

Монако се одлучи да му даде шанса на некогашниот играч на Манчестер Јунајтед и Јувентус, а тој секако со задоволство истата ја прифаќа.

Денеска Погба веќе пристигна во клубот и по лекарските прегледи ќе потпише договор до 2027 година.

 

ПретходноБ.Б. ОД ОХРИД ЌЕ ВОЗИ МЕРЦЕДЕС АМГ, ОСВОЕНИОТ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА
СледноВнукот на Сидорф ќе игра за Железничар