Уште една потврда дека и ние имаме ракометар, кој е капитен на репрезентацијата, од највисока класа. Филип Кузмановски, кој е најзаслужен за титулата во домашниот шампионат на РК Пелистер, имаше и забележителни настапи за битолчани во Лигата на Шампионите. Тоа медиа тимот на ЛШ го награди со тоа што “проектилот“ на Кузмановски од десет метри на мечот со Динамо Букрешт го стави во ТОП 10 голови за цела 2024/25 сезона.
Ова секако дека е големо признание за нашиот репрезентативен капитен и ракометар на РК Пелистер.