Раул е ЦАР: Шпанецот кој е нов селектор на Србија, за ТВ Арена Спорт дава интервју на македонски! БРАВО! (ВИДЕО)

595

Од 1 јули Раул Гонзалез и официјално е новиот селектор на ракометната селекција на Србија. Довчерашниот тренер на ПСЖ, некогашниот стратег на Вардар со кого во 2017 ја освои титулата во ЛШ, а беше и селектор на Македонија, во интервју на ТВ Арена Спорт, тој дава интервју на македонски, говори македонски јазик иако слободно може да говори и на англиски.

Неверојатно. Браво за Раул! Секоја чест.

Едноставно Раул е ЦАР!

Да не заборавиме дека Раул си замина од Македонија во 2018, значи цели седум години се минати, а тој не го заборави македонскиот јазик.

Во дел од интервјуто тој со прекрасни зборови се потсети на моментите кога беше во Вардар, во Македонија. 

Слушнете како говори на македонски.

ФОТО: ХЦ ПСЖ/Х

ПретходноБобан “отпиша“ уште на тројца играчи на Динамо!
СледноИгли Таре: Модриќ бараше гаранции дека ќе се бориме за титулата!