Британски „Дејли Рекорд“ пишува дека Селтик го засилува интересот за враќање на нашиот репрезентативец Бојан Миовски во Шкотска. По гласините дека шкотските гиганти Селтик и Ренџерс ќе се обидат да го вратат Миовски во шкотската Премиерлига, новинарот на „Дејли Рекорд“, Скот Бернс, пишува дека многу поголема веројатност е Селтик да го добие Миовски, отколку штипјанецот да заврши во дресот на Ренџерс.
Селтик е подготвен да вложи доста пати во засилувања ова лето, особено во нападот. Моментно, „зелено-белите“ од Глазгов се пред потпис со напаѓачот на Фулам, Калум Османд, но веројатно тој нема да биде единственото впечатливо засилување во тимот на Брендан Роџерс ова лето.
Џирона исто така е расположена за продажба на Миовски, но Шпанците ќе бараат најмалку 6 милиони евра за неговата слобода.