Македонскиот атлетичар Огнен Стефановски денеска во рамките на Европското тимско првенство во Марибор, Словенија, успеа да го собори еден од најстарите национални рекорди на Македонија.
Стефановски во натпреварите во скок со стап успеа да прескокне 4 метри и 5 сантиметри и да го собори рекордот кој датираше од далечната 1968 година.
Стефановски со овој резултат го освои високо 5-то место и големи 11 бодови за Македонија.