У21: Германија со победа над Франција до финале

21

Младата репрезентација на Германија е вториот финалист на Европското првенство за играчи до 21 година. Младите фудбалери од тимот на селекторот Ди Салво вечерва славеа со 3:0 против селекцијата на Франција и по пауза од едно првенство, повторно на својата земја и носат големо финале во оваа возрасна категорија.

Германија поведе уште во 8. минута на мечот со голот на Вајпер, а веќе во 14. минута со голот на Волтемаде Германците дојдоа и до предност од 2:0.

Во вториот дел Франција се обидуваше да го израмни резултатот, но Германија во судиското продолжение само ја потврди победата со голот на Груда во 95. минута од мечот.

Германија се враќа во големото финале по пауза од еден шампионат, откако ја освои европската титула до 21 година во 2021 година.

ПретходноРеал без Мбапе и на третиот меч на Светското клупско првенство
СледноБорусија со „минималец“ до прво место, Флуминензе со реми до осминафинале