Англија ја победи Холандија во полуфиналето на Европското првенство до 21 година во 2025 година со 2:1 и обезбеди пласман во големото финале. На мечот во Братислава, херој на Англичаните беше фудбалерот на Ливерпул, Харви елиот кој ги постигна и двата гола за победниците.
Елиот најпрво погоди во 62-рата минута за 1:0, а потоа откако Холандија израмни, во 86-тата минута повторно ја донесе Англија во водство, овој пат од 2:1.
Единствениот гол за „лалињата“ го постигна Ноа Охајо (72’).
Англија во финалето ќе игра против победникот од второто полуфинале меѓу Германија и Франција. Репрезентацијата на Англија до 21 година е актуелен европски шампион.