Шкендија одигра нерешено против ЦСКА (С) во последниот тест во Словенија

95
фото: KF Shkendija (Facebook)

По победата над Аргеш Питешти од 1:0 и поразот од Копер од 4:0, македонскиот фдубалски шампион Шкендија, денеска ремизираше 1:1 против бугарска ЦСКА Софија во третиот и последен контролен дуел во Словенија.

Натпреварот започна израмнето, а првата закана дојде од Шкендија уште во 7. минута. Потоа и двете екипи имаа по неколку прилики до полувремето.

Подобрата игра на бугарскиот тим во првите минути од вториот дел се материјализираше по еден час игра. Иванов ја искористи грешката н аголманот на Шкендија, постигнувајќи гол во празна мрежа за водство на ЦСКА од 1:0.

Шкендија се обидуваше да израмни во продолжение, за конечно во 86. минута Красниќи да постигне гол со спектакуларен удар надвор од шеснаесетникот во горниот лев агол на ЦСКА за конечни 1:1.

ПретходноСрбљак поради повреда го предаде мечот во Загреб
СледноДавид Стојанов го продолжи договорот со Штип УГД