Женската јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија го одигра својот трет контролен натпревар во периодот на подготовките, прв на домашен терен.
Македонија вечерва славеше над Косово со 56:51 во интересен дуел во кој и двете селекции имаа свои моменти и шанси за победа.
Колева со 12 поени беше најефикасна во нашата репрезентација, Трајковска застана на 10 поени, Алексова имаше 8, а Начевска уште 7 поени.
Веќе во петок двете селекции ќе реализираат уште еден контролен натпревар во спортската сала во Качаник, каде во улога на домаќин е репрезентацијата на Косово.