Вистински шок во светот на фудбалот вчера предизвика веста дека Лион е исфрлен во Лига 2 и дека ќе мора следната сезона да се натпреварува во втората по ранг лига во Франција.
Образложението дека клуб се соочува со финансиски проблеми.
Секако дека ова е шок за сите во светот на фудбалот, но не и за фановите на еден од најголемите и клубови и за тие што ги знаат приликите во овој клуб.
Имено тие веќе извесно време стравуваа дека под водство на новиот сопственик Џон Текстор, работите не одат како што треба. Бадијала силните продажби на најдобрите играчи, како онаа на Рајан Шерки во Манчестер Сити, Лион и натаму е во голема загуба.
Токму затоа ноќеска, а посебно утринава се случува востание во градот Лион, кој е облепем со плакати и поставени се транспаренти со кои се бара Текстер да си оди од клубот.
Лион како клуб најави жалба, но мали се шансите да се извлече.
ФОТО: Бад Гонес/Х
Le peuple lyonnais se soulève…
UN SEUL MOT D’ORDRE: #TEXTORDEHORS pic.twitter.com/H9iFvxeo6K
— Bad Gones 1987 – Officiel (@BG1987Officiel) June 25, 2025