Од Магдебург има тројца: Ова е идеалниот тим во сезоната 2024/25 во ЛШ!

45

ЕХФ информираше дека е избран идеалниот тим во сезоната 2024/25 во ракометната Лига на Шампионите. Јасно е дека во него со најмногу ракометари учествува европскиот шампион, тимот на Магдебург и тоа тројца.

По еден има од Фуксе Берлин, Фленсбург, Пик Сегед, Барселона и Веспрем.

Овој избор е направен од како од 18 до 23 јуни имаше гласање и тоа на играчи,тренери, новинари и фанови.

Ова е идеалниот тим во ЛШ за сезоната 2024/25/

Лево крило: Емил Јакобсен (Данска, Фленсбург-Хендевит)

Лев бек: Феликс Клар (Шведска, СЦ Магдебург)

Централен бек: Гисли Кристјансон (Исланд, Магдебург)

Десен бек: Матијас Гидсел (Данска, Фуксе Берлин)

Десно крило: Марио Шостариќ (Хрватска, ОТП Банка – ПИК Сегед)

Пивот: Лудовик Фабрегас (Франција, Еден Веспрем HC)

Голман: Емил Нилсен (Данска, Барса)

Дефанзивец: Магнус Саугструп (Данска, Магдебург)

ФОТО: ЕХФ/Х

ПретходноОфицијално: Ал-Наср му се заблагодари на Пиоли! (ФОТО)
СледноХаос на аеродромот во Порто, полицијата мораше да употреби и гумени куршуми! (ВИДЕО)