Актуелиот македонски фудбалски шампион, тимот на Шкендија се соочува со огромен проблем. Тетовци се наоѓааат на подготовки во Словенија, во пресрет на двомечот од квалификациите за Лигата на Шампионите против тимот на ТНС од Велс, но престојот таму ќе мора да биде прекинат денеска.
Шкендија ќе мора да се врати дома, и тоа по итна постапна со автобусот до крајот на денов, за да од утре ја започне по итна постапка процедурата за вадење на британски визи и патот за Велс.
Раководството на Шкендија имаше план тоа да го стори од Словенија, но ситуацијата очигледно се комплицира и целата експедиција порано се враќа дома. Поточно, Шкендија требаше до крајот на неделата да биде во Словенија, и да го одигра и мечот против Олимпија, но истиот е откажан, а тетовци уште вечер тргнуваат за Македонија по одигрувањето на мечот против ЦСКА Софија денес.
Проблем со визите има и Вардар
Не е само Шкендија наш клуб кој што има проблем со средување на документите за актуелните играчи. Вардар на пример со недели се обидува да го реши проблемот со своите играчи од Африка, кои се заглавени или во Истанбул или пак дома во своите матични земји.