Историски бод, историско реми за тимот на Оукленд. Аматерите од Нов Зеланд одиграа 1:1 против аргентинскиот гигант во последниот меч од групата од СКП во меч кој беше прекинат во второто полувреме поради невреме, па потоа продолжен. До оваа средба имаа гол разлика 0:16. По ова реми Бока и дефиитивно си оди дома. Исходот и немаше резултатско значење ако се знае дека Бенфика ќе славеше против Баерн Минхен.
Бока поведе со автоголот на Гароу во 26.минута, а Оукленд израмни во 52.минута со голот на Греи.
¡EL PREMIO PARA EL QUE PERSIGUE UN SUEÑO!
El gol más importante de la historia del Auckland City, los chicos que dejaron hasta sus trabajos para venir a jugar un Mundial ❤️@FIFACWC | Todos los partidos gratis en https://t.co/yWCWbevPop | #FIFACWC #TakeItToTheWorld pic.twitter.com/bPxdVIHpUI
— DAZN Fútbol (@DAZNFutbol) June 24, 2025
Челзи со убедливи 3:0 го победи Есперанс во меч од групата Д со што заврши на второто место и дуел во 1/8 финалето против Бенфика. Стрелци на головите за тимот од Лондон беа Адарабиојо и Делап во судиското продолжение во првиот дел за 2:0, а конечните 3:0 беа дело на Џорџ во судиското продолжение во второто полувреме, во таа 90+7минута.
Натпреварот се одигра во Филаделфија пред полупразните трибини на стадионот „Линколн Фајненшел Филд“. Уште една потврда дека ова СКП за фановите во САД, но и за останатите во светот, и не е така интересно.
Фламенго одигра 1:1 против Лос Анџелес и тоа му беше доволно да заврши како прв во групата Д со седум бода. Бразилците сега одат во 1/8 финалето на мегдан со Баерн Минхен. Интересно е тоа што на оваа средба во Орландо во неколку наврати од двете страни се гаѓаа стативите.
ЛА поведе со голот на Буанга во 84.минута, додека Бразилците израмнија преку Валас две минути подоцна.
ФОТО: ФИФА/Х