Калин обезбеди четвртфинале на ИТФ фјучрс турнирот во Загреб

60

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски успешно ја мина и втората пречка на ИТФ фјучрс турнирот М15 Загреб, Хрватска. Тој денеска се сретна со вториот носител Душан Обрадовиќ од Србија и успеа да оствари победа од 2:1 (2:6, 6:1, 6:2).

Утре во четвртфиналето нашиот тенисер ќе се сретне со хрватот Тонејц, кој денеска исто така направи изненадување елиминирајќи го петтиот фаворит на турнирот, Србинот Раѓеновиќ со 2:0 во сетови.

ПретходноОфицијално: Ти Џеј Шортс е нов кошаркар на Панатинаикос
СледноПелистер од третиот шешир ќе ги чека противниците за ЛШ