Почна БП во одбојка на песок: Нашите двојки поразени во првите настапи

34

На плоштадот во Тетово, синоќа, свечено беше отворено годинешното издание на БВА Балканскиот шампионат во одбојка на песок до 22 години мажи и жени. Вкупно 15 екипи од шест балкански земји овие три дена ќе понудат талент, фер-плеј и спортско уживање на македонската одбојкарска јавност, особено на жителите на Тетово.

Македонија веќе традиционално е организатор на БВА Балканските шампионати во одбојка на песок за помлади категории на играчи, кои се вистинска летна атракција за љубителите на одбојката.

Во рамките на првиот ден од натпреварите, нашиот пар во машка конкуренција, Филип Станков/Христијан Смилков претрпеа два порази од двојките од Молдавија и Косово со по 2:0 во сетови. Во женска конкуренција нашите преставнички Дариа Трифуновска и Миа Ѓорѓиевска во првиот настап беа тесно поразени со 2:1 во сетови од двојката од Косово.

ПретходноДарко Ѓукиќ се враќа во Македонија, ќе биде ново засилување за Охрид
СледноСо две победи и по едно второ и трето место атлетичарите завршија на 8. позиција на Европското тимско првенство