Рајковиќ има нов клуб, следната сезона ќе работи во Турција

248

Македонскиот кошаркарски стручњак, Емил Рајковиќ следната сезона ќе работи во Турција. Како што денеска објавија неколку познати турски новинари, Рајковиќ ќе седне на клупата на екипата на Тофаш, кој во тековната сезона во Турција успеа да се пласира во плеј-офот, но не успеа да ја мине првата рунда.

Рајковиќ по заминувањето од ЦСКА (М) беше без ангажман, но сега повторно и се враќа на тренерската работа во една сосема поинаква средина. Претходно тој работеше како тренер во Полска, Казахстан и Русија, а секако имаше и домашни ангажмани на почетокот на тренерската кариера.

ПретходноЏанан Муса си оди од Реал и го облекува дресот на Дубаи
СледноЖдрепка за групите: Пелистер утре ги добива противниците во ЛШ (ЛИНК)