СКП: Сите бразилски тимови влегоа во осминафинале, Аргентинците си заминаа дома

128
фото: Botafogo F.R. (X)

Сите четири бразилски екипи кои се дел од Светското клупско првенство на ФИФА обезбедија пласман во нокаут фазата на Светското клупско првенство. Палмеирас, Ботафого, Фламенго и Флуминенсе продолжуваат во 1/8-финалето на турнирот, покажувајќи дека во моментов можат сериозно да им парираат и на европските фудбалски гиганти.

Во исто време, двата аргентински клуба, Ривер Плата и Бока Јуниорс, беа елиминирани во групната фаза. И двата тима завршија како трети во своите групи.

Барем еден од бразилските тимови ќе стигне и до четвртфиналето на турнирот, бидејќи Палмеирас и Ботафого ќе играат меѓусебно во осминафиналниот дуел.

ПретходноДалас го избра Купер Флег како прв пик на НБА драфтот
СледноИлоски даде четири гола за Сан Диего!!! (ВИДЕО)