СКП: Сити го “прегази“ Јуве во битката за првото место во групата Г!

163

Манчестер Сити заврши како првопласиран во групата Г на Светското клупско првенство. Вечерва по македонско време, составот на Пеп Гвардиола со 5:2 просто го прегази Јувентус и со максимални три од три и 9 бода заврши како прв. Ова значи дека во 1/8 финалето Манчестер Сити ќе се сретне со второпласираниот од групата Х, а таму за првите две места се борат Реал Мадридм, Ал Хилал и Салцбург, додека Јувентус ќе игра со првопласираниот.

Доку уште во 9.минута му донесе водство на тимот од Премиерлигата, сепак две минути подоцна Копмајнерс израмни на 1:1 во меч кој се одигра во Орландо.

Со автоголот на Калулу, Сити поведе со 2:1, со тој резултат се замина на пауза.

Во второто полувреме на теренот се најде и Халанд, кој уште во 52.минута зголеми на 3:1. Тоа не беше крај на маките за клубот од Торино, Фоден и Савињо стрелаа за 5:1, а во самиот финиш Душан Влаховиќ го ублажи поразот на Јуве за конечни 5:2.

Во вториот меч во оваа група,кој немаше никакво резултатско значење, Ал Аин со 2:1 го победи Видад.

ФОТО: ФЦ Манчестер Сити/Х

ПретходноШкупи промовираше ново име кое доаѓа од 5.лига во Германија! (ФОТО)
СледноРеал Мадрид со брзи голови си го купи „мирот“ и го исфрли Салцбург