Со две победи и по едно второ и трето место атлетичарите завршија на 8. позиција на Европското тимско првенство

56

Македонската атлетска репрезентација го освои 8. место на Европскотѕо тимско првенство во Марибор, Словенија во рамките на Третата дивизија. Со овој пласман нашите атлетичари не успеаја да направат прогрес кон Втората дивизија, затоа што за пласман ни требаше најмалку трето место на вкупната табела.

Исланд, Луксембург и Босна и Херцеговина се трите најуспешни репрезентации на првенството во Марибор и тие ќе обезбедат пласман во Втората дивизија за следното издание. Македонија на шампионатот во Словенија имаше неколку одлични резултати, како и победи во две дисциплини остварени од нашите најдобри атлетичари Андреас Трајковски и Дарио Ивановски. Остваривме и едно второ и едно трето место, со што на крајот собравме 270,5 поени.

ПретходноПочна БП во одбојка на песок: Нашите двојки поразени во првите настапи
СледноЏанан Муса си оди од Реал и го облекува дресот на Дубаи