Галевски е мајстор за пенали, Македонија го совлада Бразил по голема драма!

193

Македонската младинска ракометна репрезентација по голема драма и изведување на пенали успеа да дојде до втората победа на на Светското првенство, откако го совлада Бразил со 37-38. Херојот е Иван Галевски одбрани два пенали и повторно донесе радост во „црвено-жолтите“ редови.

Ова значи дека нашите ракометари ќе играат за пласман на 25. место, а противникот ќе го дознаат подоцна, ќе вкрстат со победникот од мечот меѓу Сад и Бахреин.

Калајџиески и овој пат беше прв стрелец, имаше девет гола, зад него со осум беше Узунчев, додека пак Белистојановски запиша шест.

Добро прво полувреме за нашите младинци, иако Бразил поведе со 12-10, сепак Македонија успеа да приреди пресврт, во 26-та минута поведе со 16-19, беше и 17-20, благодарение на добрата одбрана. На одморот резултатот беше 18-21.

На стартот на второто полувреме, поточно во првите седум минути нашите момци не блескаа, а тоа го искористи Бразил, кој на помош на својот голман отворија со 6-1 за 24-22, во 42-та минута резултатот беше 26-23. Голманот на Бразил продолжи со добрата партија, па неговиот тим на средината на првото полувреме имаше плус 4 (29-25), доволна причина за да Стојановиќ повика тајм-аут. Одбрана на Галевски и серија од 3-0 ја вратија Македонија на 31-29. Но, не успеа да го скрши противникот, Бразил во 54-та минута беше на нови плус 4 (33-29).

Нова резултатска нишалка и блесок на нашите момци, за целосно враќање во мечот. Со серија од 4-0 и високо поставена одбрана против која противникот не успеа да се снајде, Македонија израмни на 33-33 на минута и пол до крајот.

Бразилскиот голман запиша нова одбрана на минута до крајот при 34-33, откако противникот не го искористи тоа, Македонија преку Узунчев израмни преку 34-34. Победникот се решаваше по изведување на пенали.

Галевски и Брестовац се менуваа во одбрана на пеналите. Галевски го одбрани третиот удар на противникот и последниот, најважниот за голема радост.

Пенали: Узунчев (+), Белистојановски (+), Субашевски (+),  Калајџиески (+), Димковски (-).

ПретходноОнчев потпиша за МРК Куманово
СледноНајавите се остварија: Шкендија се врати дома, “генералката“ пред настапот во Европа ќе биде со Динамо Сити!