Да се знае кој е кој: Вардар го претстави своето мега – засилување! (ФОТО)

1940

Најновото засилување во ФК Вардар АД е 27 годишниот Французин Ворен Чимбембе. Поранешен играч на францускиот прволигаш Мец, како и на шпанскиот второлигаш Мирандес и францускиот второлигаш Гингамп. Пред 2 сезони вредноста по Трансфермаркет на нашиот нов член била 1,5 милиони евра.

No description available.

Најавите се остварија. Вардар направи мега – трансфер за наши услови. Екстра квалитетно засилување во “црвено – црниот“ дрес, ова го може само Вардар. Директно од Топ 5 лигите или од Лига 1, во ПМФЛ, во Македонија, во Вардар.

Чимбембе најдобро се снаоѓа на позцијата класичен играч за врска, исто така одличен е и како последен играч за врска. Според најавите, тој може квалитетно да одигра и по десната страна во средниот ред. Во секој случај големо засилување за Вардар.

Трансферорт на Чимбембе е само уште една потврда како се работи, како тоа работи раководството на нашиот најтрофеен клуб.

ПретходноОд шампион на Португалија до Трета лига: Боависта исфрлена во аматерската лига!
СледноОнчев потпиша за МРК Куманово