Ждрепка за групите: Пелистер утре ги добива противниците во ЛШ (ЛИНК)

106

Ждрепката за групната фаза на Лигата на шампионите на ЕХФ ќе се одржи утре од 15:00 часот, по што и македонскиот првак Е. Пелистер ќе ги добие своите ривали во една од двете групи. 16-те екипи кои во новата сезона ќе се натпреваруваат во машката и женската конкуренција ќе бидат поделени во две групи од по осум екипи.

Во Лигата на шампионите 14 од екипите учеснички оваа сезона играа и минатата, меѓу нив и нашиот првак кој ја продолжува својата активност во најсилното европско натпреварување.

На утрешната ждрепка влегуваат Загреб, Алборг, Барселона, Париз Сен Жермен, Фуксе Берлин, Магдебург, Веспрем, Висла Плоцк, Спортинг Лисабон, Динамо Букурешт, како и шесте тима кои добија вајлд-карти: ГОГ, Е. Пелистер, Нант, Пик Сегед, Колштад и Келце.

На настанот ќе бидат објавени и носителите на наградите за најкорисен играчи на сезоната, како и наградата за најдобриот млад ракометар.

ПретходноРајковиќ има нов клуб, следната сезона ќе работи во Турција
СледноОфицијално: Ти Џеј Шортс е нов кошаркар на Панатинаикос