Младинскиот репрезентативец на Македонија до 21. година и еден од најголемите наши таленти, Димитар Данев (19) е најновото екстра засилување за Вардар. Уште еден голем потег на раководството на нашиот најтрофеен клуб.
Данев доаѓа од Работнички, каде во изминатата сезона, иако сеуште тинејџер, беше еден од столбовите на тимот и еден од клучните фактори за успесите на клубот од Градски парк и пласманот во Европа.
За овој трансфер, голема улога има и спортскиот директор на Работнички, Сенад Муминовиќ.
Инаку Данев е класичен офанзивен играч за врска, но може да игра и како лево и десно крило.
Со овој трансфер, со ангажман на млад и мега талентиран фудбалер, Вардар покажува дека размислува и за иднината, иако Данев може слободнио да се бори, со оглед на квалитетите, уште сега да се бори за првотимскиот статус во тимот на Гоце Седлоски.
Договориот е потпишан на четири години, а преговорите траеја повеќе од еден месец. Сепак Данев сега е “црвено – црн“, иако имаше голем број понуди од странски клубови. Сепак Вардар е Вардар,
Денеска навистина е убав ден за сите во Вардар. Прво беше потпишан Ворен Чимбембе, некогашен фудбалер на Мец, а потоа и Димитар Данев, еден од нашите најголеми таленти.