Дон Флорентино ја покажа сета своја моќ: Сменета цела Судиска организација во Шпанија!

136

Претседателот на судиите во шпанскиот фудбал, Луис Медина Кантаљехо, е разрешен или сменет. Во изминатите четири години тој беше шеф на Техничката комисија на судии (ТКС), а заминува откако Реал Мадрид имаше необична кампања против него, незадоволен од статусот на судиите.
Покрај Кантаљехо, заменети се и Клос Гомес (одговорен за ВАР), Рубинос Перез (заменик-претседател), како и потпретседателите Лисондо Кортес, Гонзалез Васкез и Лесма Лопес. Оваа промена во раководството на ТКС во секој случај беше очекувана.
Реал Мадрид е клубот кој најмногу инсистираше на замена на Кантаљехо во последните години – главно преку клупската телевизија, која не престана со критики.
За време на неговиот мандат, тој мораше да се справи и со истрагата за случајот „Негреиро“, во кој беше вмешано името на големиот ривал на Реал – Барселона. Од следната сезона, шпанското судење ќе влезе во нова ера. Судиите формираа синдикат за да се заштитат од постојаните напади од некои клубови, вклучувајќи го и Реал Мадрид, кои ТКС неуспешно се обиде да ги санкционира. Покрај тоа, ТКС ќе се трансформира во нова институција со цел да има независност, но ќе биде под контрола на Ла Лига и РФЕФ. Комисијата повеќе нема да биде само под капата на федерацијата. Овие промени имаат за цел да ги смират тензиите со клубовите и да доведат до појава на нови лица во раководството на ТКС.

ПретходноДориев во тимот на колото во Узбекистан! (ФОТО)
СледноСилекс одигра 2:2 со косовска Дрита!