И повторно признание за нашиот интернационалец во Узбекистан, Љупче Дориев како фудбалер на Согдиана. Македонецот е избран во тимот на колото, односно е дел од идеалниот тим на 13.коло во елитната лига во оваа земја.
Тоа е поради фактот дека нашиот напаѓач со гол во 83.минута му донесе победа на својата Согдиана против составот на Хоразм Урганч, за големи три бода.
Тоа беше седми гол во новата сезона за Љупче Дориев, кој сега е втор стрелец во тамошниот шампионат, притоа забележа досега и две асистенции.
Уште една потврда за одличните настапи на Дориев во Узбекистан.